'

Цели, методологија и активности

Понравилась презентация – покажи это...





Слайд 0

Цивикус - Индекс на граѓанското општество (ИГО) 2009 Цели, методологија и активности ЕНр, ДСј 4 стручен состанок, 12.3.2009 г.


Слайд 1

Акциско - истражувачки проект, кој ја проценува состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот; На меѓународно ниво координиран од ЦИВИКУС - Светска алијанса за граѓанско учество; Во Република Македонија координиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Индекс на граѓанското општество


Слайд 2

Општа цел: Да се развијат активни и ефективни национални и меѓународни платформи за акции засновани на знаење заради зајакнување на граѓанскиот сектор. Цели на истражувањето: Да собере и сподели знаење меѓу засегнатите страни на граѓанското општество; Да ги зголеми капацитетот и посветеноста на граѓанското општество за позитивни социјални промени. Индекс на граѓанското општество


Слайд 3

Пристап Граѓански ангажман: Степенот до кој поединците се вклучени во општествени иницијативи Ниво на организација: Степенот на институционализација што го карактеризира граѓанското општество Практикување на вредности: Степенот до кој граѓанските организации практикуваат некои од основните вредности Перцепција на влијание: Степенот до кој граѓанското општество е способно да влијае на општествената и политичката арена, согласно внат. и надв. перцепции Надворешна околина: условите (на пр. социоекономски, политички и културни варијабли) во кои што граѓанското општество дејствува. Индекс на граѓанското општество


Слайд 4

Дијамант на граѓанското општество Индекс на граѓанското општество


Слайд 5

Показатели (65) Поддимензии (27) Димензии (5) Дијамант Индекс на граѓанското општество


Слайд 6

Индекс на граѓанското општество Краток преглед на поддимензиите


Слайд 7

1. Прелиминарни чекори 2. Основање на Национален индекс тим 3. Прегледен извештај 4. Обука на НИТ 5. Основање на Советодавен комитет и прв состанок 6. Квантитативни примарни истражувања (анкета на население, надворешна перцепција и организации) 7. Квалитативни примарни истражувања (студии на случај) 8. Регионални фокус-групи 9. Втор состанок на СК и Национална работилница Главен продукт А: Национален извештај Главен продукт Б: Политичко резиме Набљудување и оценка Визуелен преглед на методологијата Индекс на граѓанското општество


Слайд 8

Индекс на граѓанското општество 1. Подготовка на проектот Прелиминарно мапирање на секундарни извори на информации; Дефинирање специфични цели на ИГО за Македонија; Разработка на работен план; Подготовка на план за ресурси – буџет и луѓе; Стратегија за мобилизирање ресурси; Стратегија за комуникации; Основање на НИТ (координатор, експерт, истражувач); Мапа на општествени сили; Прегледен извештај (Overview Report).


Слайд 9

Индекс на граѓанското општество 2. Спроведување на проектот 2.1. Советодавен комитет (СК): основање и прв состанок 2-20 поединци, кои треба да го претставуваат разновидното ГО и другите групи чинители. Да обезбеди општо водење и помош на НИТ при спроведувањето на проектот. Да ја подигнат свеста и изградат поддршка за ИГО меѓу нивните соработници и членови и пошироката јавност. Да се направи Дијамантот на перцепција


Слайд 10

Индекс на граѓанското општество 2.3. Организациска анкета и анализа на наодите Податоци за работењето и управувањето на ГО. Ниво на организација; Практикување на вредностите; и Перцепција за влијанието. 2.4. Анкета за надворешна перцепција и анализа на наодите 30-50 чинители и експерти во клучните сектори за нивната перцепција за влијанието на ГО. Перцепција за влијанието 2.5. Анкета на населението и анализа на податоците Национален репрезентативен примерок Споредливост на податоците и да се користат најновите информации за националниот извештај и политичкиот извадок.


Слайд 11

Индекс на граѓанското општество 2.6. Собирање на податоците и правење на Дијамантот на граѓанското општество Внесување на квантитативните примарни и секундарни податоци во Матрицата на податоци за показателите 2.7. Подготовка на студии на случаи и нацрт-извештај Квалитативна копија на дијамантот Да обезбеди длабинска и систематична анализа на конкретни прашања или аспекти кои не мора да се соодветно опфатени со квантитативните податоци и да се утврдат и проучат јакостите и слабостите на ГО. Критичен придонес за составувањето на покомплетна слика на состојбата на ГО.


Слайд 12

Индекс на граѓанското општество 2.8. Регионални состаноци со фокус-групи Споредување на наодите од анкетите т.е. Дијамантот на ГО со Дијамантот на перцепција на. Расправа и идентификување на главните јаки и слаби страни на ГО во Македонија. 2.9. Втор состанок на Советодавниот комитет (СК ) Преглед и расправа за наодите. Ставање на наодите во контекст на првичната дискусија заснована на перцепција, Проценка на валидноста на наодите и Дефинирање можни следни правци кои треба да бидат дискутирани на националната работилница.


Слайд 13

Индекс на граѓанското општество 3. Потврдување, анализа и промоција на проектот 3.1. Национална работилница Расправа на наодите, идентификување на јаките и слабите страни на ГО и планирање на соодветни инцијативи за зајакнување на ГО. Градење заедничко разбирање на тековната состојба на ГО и за заедничка акциска агенда на иницијативи за зајакнување на ГО. Претставници на ГО, владиниот и деловниот сектор, медиумите, донаторите и универзитетите.


Слайд 14

Индекс на граѓанското општество 3.2. Анализа на податоците и нацрт на резултатите од проектот Аналитички национален извештај Наменето за организациите на граѓанското општество Максимум 35 стр. Политичко резиме. Наменето за креаторите на политиките и општата јавност. Главни наоди, јакости и слабости, акциски план за зајакнување на ГО. Максимум 10 стр.


Слайд 15

Индекс на граѓанското општество 3.3. Дистрибуција/Промоција Аналитички извештај - клучни актери и ГО: Политичко резиме- широка дистрибуција. Прес-соопштение и прес-конференција за објавувањето на политичкото (акциско) резиме. 3.4. Оценка Целосна оценка на процесот Како ќе го процените процесот на спроведување на ИГО? Како би ги оцениле координацијата и помошта од Цивикус?


Слайд 16

Индекс на граѓанското општество Албанија Босна и Херцеговина Бугарија Косово Македонија Словенија Србија Хрватска


×

HTML:





Ссылка: