'

Употребата на ИКТ во наставниот процес на средните училишта

Понравилась презентация – покажи это...





Слайд 0

Употребата на ИКТ во наставниот процес на средните училишта Радмила Живановиќ Скопје, 2010 Магистерски труд


Слайд 1

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МОДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕ 1. Трансформација на општествени барања (постиндустриско општество, комодифицирано општество, брзи промени, наплив на слабо организирани информации, колективизација на знаење) 2. Потреба за нови вештини - вештини на 21ви век (тимска работа, критичко мислење, флексибилност, применливост, технолошка и дигитална писменост, граѓанска свесност, конфликт менаџмент) 3. Трансформација на стратегии на учење (проектно учење, конструктивизам, учење според барање, имплементација на научено, колаборативно учење, ученик-насочена настава, и сл) 4. Трансформација на улоги на ученик и наставник (наставник како фасилитатор и ментор во учењето, ученикот како активен учесник и продуцент на сопственото знаење)


Слайд 2

УЛОГА НА ИКТ ВО ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕ 80тите години = „компјутери во образование“, „тренинг и пракса“ Крај на 80ти = „информациска технологија во образование“, Компјутерски-асистирана инструкција 90ти години = Информациско-Комуникациска Технологија (ИКТ), ИКТ како колаборативни и комуникациски алатки


Слайд 3

ИКТ ВО ОБРАЗОВАНИЕ- глобален контекст Анализа на национални и интернационални истражувања: Impact2-The Impact of Information and Communication Technologies on Pupil Learning and Attainment, 1999-2002, Англија Pilot- Project Innovation in Learning, Organization and Technology, 1999-2003 ACOT-Apple Classroom of Tomorrow- 1985-1995 SITES-Second Information on Technology in Education Study 2006, интернационална студија на IEA, 22 земји Истражување „Е-учење во Нордиските земји“, 2006 Референтната студија за состојбата на употребата на ИКТ во европските училишта 2006, (25 земји на ЕУ + Норвешка и Исланд)


Слайд 4

ИКТ ВО ОБРАЗОВАНИЕ- локален контекст Анализа на национална образовна политика: Националната програма за развој на образованието 2005-2015 Нацрт програма за развој на ИКТ во образование (2005-2015) Националната стратегија за развој на информатичкото општество Анализа на национални и интернационални програми и иницијативи: Пекснас (1997-2002) Е-Школо (2003-2008) (www.schools.edu.mk) Македонија се поврзува (2004-2007) Модернизација на образованието (2004-2009) Компјутер за секое дете (2006-2015) Конференција Е-Општество, 2008


Слайд 5

Теренско истражување: Употреба на ИКТ во наставата од страна на ученици и наставници од средните училишта во Р. Македонија Предмет на истражување: Приказ на употребата на Информациско-Комуникациските технологии (ИКТ) во наставниот процес во средните училишта на Р. Македонија. Техники на истражување: Прашалник дизајниран за потребите на истражувањето. Изготвување на две верзии Примерок на истражување: Два пригодни примерока Примерок Наставници: 93 испитаници Примерок Ученици: 73 испитаници Временски период: 20 мај до 20 јуни 2009


Слайд 6

Демографски карактеристики на примероците Карактеристики на примерокот Ученици: Карактеристики на примерокот Наставници:


Слайд 7

Лична употреба на ИКТ од страна на Ученици и Наставници: - Кај наставниците и учениците употребата на компјутер се поистоветува со употребата на интернет. Кај ученици и наставници лична употреба на ИКТ се остварува првенствено во домашни услови и потоа и во училиште (доместификација на ИКТ); Учениците и наставници ги користат ИКТ „речиси секој ден“; Најчеста причина за личната употреба на компјутерот од учениците е интернетот. Покрај тоа, наставниците го користат компјутерот почесто за работа а учениците за забава; Најмногу наставници започнале да го користат интернетот пред повеќе од три години. Учениците бележат различен почеток , а најголем број од нив започнале да го користат пред 1 година; Учениците поседуваат повеќе од една е-меил адреса, додека наставници претежно една е-маил адреса;


Слайд 8

Употреба на ИКТ во настава: - Наставниците во 94,6% посетиле обука и во најголем процент се изјасниле за обуката Едубунту (Компјутер за секое дете). Постои висок процент на пристап до ИКТ во училиштето од страна на учениците (86,3%) и наставниците (93,5%). Учениците најчесто пристапуваат во училницата а потоа во компјутерска лабараторија, додека наставниците пристапуваат во училница, компјутерска лабараторија и во наставничка канцеларија; Поголемо користење на ИКТ од страна на наставниците за планирање на наставата постои на седмично ниво отколку на дневно ниво; Поголемо користење на ИКТ од страна на учениците за исполнување на наставните задачи постои на седмично ниво отколку на дневно ниво; Постои голем процент на Наставници (околу 50 %) кои се изјасниле дека воопшто не го користат ИКТ во тек на настава за разлика на помалиот процент од учениците (околу 30%);


Слайд 9

Употреба на компјутерски и интернет програми во настава:


Слайд 10

Практикување на интернет активности:


Слайд 11

Причини за користење на ИКТ во настава: - Наставниците и Учениците го користат интернетот најчесто за „дополнување и проверка на информации поврзани со наставниот материјал“ а во најмал процент за „онлајн дискусија со другите ученици“. ИКТ во однос на типот на наставата се користи најчесто во индивидуалната настава а многу помалку во групната настава. Фронталната настава, од страна на наставниците сеуште се перципира како доминантен начин на настава. Проектната настава е избрана за најзастапен тип на компјутеризирана настава. Поради тоа учениците и наставниците најмногу ја користат проектната задача при употреба на ИКТ во настава додека најмалку застапена е онлајн дискусијата. Ученичката активност во тек на настава при употреба на ИКТ сеуште се набљудува со индивидуален пристап или завршена задача. За потребите на наставата,наставниците најчесто комуницираат преку е-маил, додека учениците најмногу користат инстант комуникација и е-маил.


Слайд 12

Техничка поддршка и ресурси при употреба ИКТ во настава: - Наставниците и Учениците во најголем процент не знаат или сметаат дека не постои техничка поддршка за реализација на компјутеризираната настава. Наставниците и Учениците не знаат за постоење на веб сајт, и доколку тој постои не го користат како значаен веб ресурс во наставата. Наставниците и Учениците не знаат или сметаат дека не постојат електронски портфолија на учениците. Наставниците и Учениците не знаат или бележат мало присуство на друга опрема при реализација на наставата.


Слайд 13

Мислења на наставниците и учениците во однос на употреба на компјутер и интернет во наставата: - „Компјутерот е корисна алатка која многу придонесува и која повремено треба да се вклучува во наставата“ „Интернетот е соодветен извор на информации кој ми помага да ја организирам наставата/реализирам наставните задачи и нуди можност за комуникација со учениците и после наставата“ Н:„Наставникот треба да им овозможи на учениците да обработат и презентираат дел од наставниот материјал“ У: „Наставникот е единствениот способен да го обработи и пренесе наставниот материјал“ „Наставниците многу послабо ги владеат ИКТ од учениците и им е потребна континуирана обука“ „Учениците ги владеат ИКТ но не ја знаат соодветната намена во наставата“


Слайд 14

Причините за недоволно користење на ИКТ во настава:


Слайд 15

МОИТЕ УВИДИ Во однос на национална образовна политика и стратегија: Голем степен на инфраструктурна опременост и спроведени обуки наспроти слабата употреба на ИКТ во образование; Не постојат препознатливи критериуми за евалуација на степенот и квалитетот на компјутеризација и дигитализација на образование; Неповрзани национални програми и иницијативи; Непостоење на трансфер на искуство и искористување на претходно обучен наставен кадар во спроведување на реформите; Декларативно ниво на постоење на национална визија за современо и дигитализирано образование; Наметната наспроти партиципативна национална стратегија; Неинволвираност на директните учесници во планирање, осмислување и реализација на наставата.


Слайд 16

Во однос на конкретна употреба на ИКТ од страна на наставници и ученици: Наставници и Ученици манифестираат солидна лична употреба на ИКТ и повисок степен на интеграција на ИКТ во личниот наспроти училишниот контекст. Учениците побрзо се адаптираат на технолошките барања и посестрано ги искористуваат Учениците гледаат на ИКТ како на дел од сопствениот животен стил, додека наставниците гледаат на ИКТ како дел од нивното стручно образование. Разликата помеѓу Наставници-Ученици во однос на употреба на ИКТ посоодветно би се лоцирала доколку се воочува низ односот на лична наспроти училишна употреба отколку во однос на генерациски јаз и искуство. Прашање на пристап и функционалност на ИКТ во настава подоминантно од прашањето на ефективна употреба на ИКТ во настава. Најчестата употреба на ИКТ сеуште се манифестира во рамките на традиционалниот модел на настава. Наставникот е сеуште доминантна фигура во процесот на настава и сноси најголема одговорност во однос на употребата на ИКТ во наставата.


Слайд 17

Благодарам на внимание! radmila.zivanovic@gmail.com


×

HTML:





Ссылка: