'

Адјувантна Терапија

Понравилась презентация – покажи это...





Слайд 0

Адјувантна Терапија во гинекологијата


Слайд 1

Ортомолекуларна медицина Орто на грчки значи вистинско, правилно. Поимот “ортомолекуларна” е кованица на Нобеловецот за хемија, Линус Паулинг и значи “вистински молекули во вистински дози”. Теоријата на Паулинг доведува до клиничка употреба на специфични нутрицевтски препарати како облик на хемопревенција, наспроти хемотерапија.


Слайд 2

Профил на компанијата HealthAid™ е еден од најпознатите производители на ортомолекуларни нутрицевтски препарати во Велика Британија и САД. Компанијата е основана во 1982 година, а сегашното портфолио ? се состои од преку 450 продукти, од кои на македонскиот пазар се присутни повеќе од 60.


Слайд 3

Профил на компанијата HealthAid е глобално признаена компанија со силно интернационално присуство во преку 70 држави на сите континенти. Најголем дел од производите се изработуваат во Европа, особено Велика Британија и одговараат на врвните стандарди за добра производствена пракса.


Слайд 4

Гинеколошка Палета Производи


Слайд 5

Pregnazon®


Слайд 6

Pregnazon® Планирањето на бременоста, самата бременост и доењето се најзахтевните периоди од гледна точка на исхраната на жената. Pregnazon® таблетите се специјално формулирани да обезбедат препорачана дневна доза на фолна киселина (400?g) заедно со уште 22 други корисни хранливи материи со што се осигурува оптимална нутритивна подршка за сите стадиуми на бременоста и мајчинството.


Слайд 7

Исхрана во бременоста Кога жената го пропушта циклусот, таа е веќе во втората недела на беремноста. Нутритивните потреби на бремената жена се зголемени заради правилниот раст и развој на бебето. Изборот на добро избалансирана и разновидна исхрана вклучува свежо овошје и зеленчук, житарици и риба. Најдобро е да се избегнуваат рафиниран шеќер, бело брашно, пржена и високо процесирана храна како и хемиски адитиви.


Слайд 8

Состав на Pregnazon® Фолната киселина е суштинска за секој процес во организмот кој е поврзан со делба на клетките, така што е критична за ДНК и РНК репликација. Особено е важна за феталниот развој и помага во производството на клучните хемикалии за мозокот и нервниот систем. Витаминот Б12 е исто така суштински за репликацијата на клетките, особено производството на еритроцити. Витаминот Б6 е вклучен во повеќе телесни процеси отколку кој и да било друг витамин. Најзначаен е за формирањето на еритроцитите, помага во синтезата на протеини, производство на неуротрансмитери и ослободување на енергетските депоа. Железото е клучно за правилната еритропоеза на мајката и адекватното крвоснабдување на фетусот. Цинкот обезбедува здрав раст на клетките и развој на бебето. Витаминот Д, калциумот, магнезиумот и бакарот помагаат во оформувањето на здрави коски и заби. Витаминот В е суштински за правилен раст и репарација на ткивата. Витаминот Е е важен за одржување на мембранските интегритет на сите клетки во телото. Б групата витамини го промовира ослободувањето на енергијата од храната и обезбедува здрав развој на нервниот систем.


Слайд 9

Индикации и дозирање Се земаат како пре и пост-натален витаминско-минерален додаток на исхраната. Во идеален случај, треба да се земаат уште пред зачнувањето се до престанокот на доењето. 1 таблета дневно со главниот оброк. Жени кои се подготвуваат за бременост Жени кои се веќе бремени (во кој и да било стадиум од 40 неделниот циклус) Леунки Доилки


Слайд 10

Pregnazon Complete®


Слайд 11

Pregnazon Complete® Pregnazon® Complete е единствена и уникатна формулација која ги обезбедува СИТЕ есенцијални витамини и минерали, заедно со DHA & EPA богатата Omega-3 за оптимален развој на мозокот и видот. Важноста на Омега 3 за бремените жени и долките во последните 5 години е неоспорно докажана и клинички документирана. Освен за правилен раст и развој на детето, Оmega 3 исто така се смета и како најприродниот начин за превенција на постпартална депресија, како и за превенција на многу болести кај детето.


Слайд 12

Омега 3 Во последниот триместар и првите 2 години од животот мозокот поминува низ период на забрзан развој. Дефицитот на нутриенти во овој период може да го компромитира развојот на мозокот. DHA е супстанција која е апсолутно неопходна за правилен развој на сензорните, перцептивните, когнитивните и моторните невронски системи во текот на овој период.   Невроните континуирано формираат аксонски и дендритски продолжетоци. Клеточните мемрани затоа мораа да бидат релативно флуидни и DHA е најважниот флуидизирачки елемент од клеточните мембрани. Дури и синапсите кои се примарна функционална единица на мозочните кола се направени од мембрани збогатени со DHA. Ретината која е функционален продолжеток на мозокот, содржи стапчиња и чепчиња кои имаат најфлуидни мембрани од сите телесни клетки, а и тие се исто така збогатени со DHA.   Потребата за DHA расте експоненцијално со рапидниот развој на мозокот во третиот триместар и продолжува по раѓањето, откако новороденото е изложено на стимулуси од околината. Прематурусите имаат посебен ризик за дефицит на омега 3 бидејќи го немаат во потполност искористено третиот триместар од мајчините липидни залихи. Прематурусите имаат ограничена способност за синтеза на DHA од АЛА. Суплементите со АЛА затоа не се сигурен начин за обезбедување доволно DHA, било преку доење или преку млечни формули.


Слайд 13

Клинички Студии Сите новороденчиња, без оглед дали се доносени или недоносени, имаат потреба од DHA суплементација за правилен развој на ретината и нормалните функции на видот. Мета анализата на визуелна острина кај здрави прематуруси направена преку анализа на 4 големи клинички студии со бихејвиорални параметри и визуелни потенцијали покажува статистички сигнификантна корелација со земањето на DHA суплементи. SanGiovanni JP, Parra-Cabrera S, Colditz GA, et al. Meta-analysis of dietary essential fatty acids and long-chain polyunsaturated fatty acids as they relate to visual resolution acuity in healthy preterm infants. Pediatrics 2000;105:1292-1298.


Слайд 14

Клинички Студии McCann и Ames даваат широк преглед на доказите дека DHA е клучна за развојот на когницијата и другите виши интелектуални функции. Мета анализата од 258 клинички студии за когнитивни и бихејвиорални перформанси дава заклучок дека суплементацијата со DHA пре, пери и пост-натално во периодот на доење го зголемува неуромоторниот развој на децата. iПримената на дополнителни тестови дава статистички сигнификантна асоцијација помеѓу суплементацијата со омега 3 на доилката и менталните перформанси на доенчето. Исто така, тестови на евоцирани потенцијали покажуваат дека доенчињата на доилки кои земале суплемент со DHA имаат супериорна визуелна острина која останува присутна и во текот на првата година по престанокот на доењето се до седмата година, а дури и подоцна.   McCann JC, Ames BN 1. Is docosahexaenoic acid, an n-3 long-chain polyunsaturated fatty acid, required for development of normal brain function? An overview of evidence from cognitive and behavioral tests in humans. Am J Clin Nutr 2005;82:281-295.


Слайд 15

Клинички Студии


Слайд 16

Споредба со други препарати


Слайд 17

Индикации и дозирање Жени кои се подготвуваат за бременост Жени кои се веќе бремени (во кој и да било стадиум од 40 неделниот циклус) Леунки Доилки Се земаат како пре и пост-натален витаминско-минерален додаток на исхраната. Во идеален случај, треба да се земаат уште пред зачнувањето се до престанокот на доењето. 2 капсули дневно со оброк.


Слайд 18

CystiCare®


Слайд 19

Брусница Брусница – обезбедува висока киселост на уринарниот тракт со што создава непријателска средина за бактериите (дури и E. coli) кои се одговорни за најголем број од проблемите со мочниот меур. Има антимикробно дејство врз E. coli и ги елиминира болните симптоми поврзани со инфекциите на уринарниот тракт.


Слайд 20

Глуварче Глуварче – делува како нежен и благ природен диуретик, ја помага функцијата на бубрезите. Глуварчето исто така содржи значајна количина на витамин Ц кој ја закиселува урината со што ги елиминира штетните бактерии од уринарниот тракт.


Слайд 21

Магдонос Магдонос – помага за исфрлање на вишокот вода од телото. Вообичаено се употребува за калкулоза на бубрези и мочен меур, како и инфекции на уринарниот тракт. Магдоносот исто така содржи и значајна количина на витамин Ц кој ја закиселува урината со што ги елиминира штетните бактерии од уринарниот тракт.


Слайд 22

Жалфија Жалфија – вообичаено употребувана за заболувања поврзани со бубрезите како што се калкулуси и инфекции на уринарниот тракт. Делува воедно и како диуретик.


Слайд 23

Мечкино грозје Мечкино грозје – благ диуретик и традиционален хербален лек за инфекции на уринарниот тракт.


Слайд 24

Коприва Коприва – богата со минерали и витамини, природен начин за одржување на здрави уринарни патишта и исфрлање на токсините. Ги подобрува функциите на бубрезите и мочниот меур.


Слайд 25

Бучу Бучу листови – ефикасен диуретик, со антимикробни и антиинфламаторни својства. Ефективен во третман на инфекции на мочниот меур, бубрезите и воопшто уринарните патишта.


Слайд 26

Индикации и дозирање Лица склони кон инфекции на уринарниот тракт Лица, особено постари, кои страдаат од уринарна инконтиненција Лица, особено дијабетичари, со зголемен ризик од уринарни инфекции Жени со скратена уретра Жени кои неодамна станале сексуално активни Трудници, кои се склони кон поголем ризик од уринарни инфекции Лица кои сакаат да одржат општо добро здравје на уринарните патишта Возрасни и деца над 12 години, 1 таблета дневно со оброк, може да се зголеми до 4 таблети дневно по потреба.


Слайд 27


×

HTML:





Ссылка: