'

Глобално затоплување

Понравилась презентация – покажи это...





Слайд 0

Глобално затоплување


Слайд 1

Глобалното затоплување претставува зголемување на просечната температура на воздухот во близина на површината на Земјата и океаните. Глобалното затоплување се случувало во минатото и се случува и сега. Температурата на Земјата варира уште од самото создавање на нашата планета.Глобалното затоплување влијае на многу луѓе, животни и растенија.Многу од нив не можат да ги поднесат промените, па умираат. Имено, влијае врз многу делови на светот. Глобалното затоплување го зголемува нивото на морето ,па водата ги покрива  островите . Ова е голем проблем за голем број растенија, животни, и луѓе на островите. , Иако животните имаат подобра способност да се прилагодат на она што се случува од растенијата, нивната смртност е исто така загрижувачки голема.. Кога растенијата и животните умираат, луѓето губат два извори на храна,растителна храна и добиточна храна. 


Слайд 2

Но вистинскиот проблем не е тоа што таа се загрева, туку стпката со која тоа загревање се случува. Најтоплите 10 години кои се измерени, откако е почнато со мерење на температурата на земјата, се случиле во изминатиот 12 годишен период од 1997- 2008. Ова значи дека земјата се загрева со прогресивна стапка. Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) сугерира дека зголемувањата на температурите од средината на 20 век многу веројатно се предизвикани од зголемување на концентрациите на стакленички гасови кои произлегуваат од човечката активност како што се согорувањето на фосилни горива и уништувањето на шумите. IPCC проектира дека максималното зголемување на просечната температура дo 2 ° C е граница над која неповратни последици врз еко-системите на Земјата може да се појават. Стапката со која земјата се загрева е веројатно најголемиот предизвик со кој некогаш се соочило човештвото. Последиците најверојато ке бидат катастрофални и потребно е да се дејствува веднаш.


Слайд 3

Глечерите се топат,нивото на морето се крева, влажните шуми се сушат, и животинскиот свет се бори да го задржи нормалното темпо. Станува јасно дека затоплувањето во минатиот век е последица од нашиот современ начин на живот..Зголемено е присуството на така наречени стакленички гасови, така што нивното ниво денес е поголемо во однос на последните 650.000 години. Ние тоа го нарекуваме резултат на глобалното затоплување, но тоа предизвикува сет на промените на климата на Земјат,која варира од место до место. Како што Земјата се врти секој ден, топлината предизвикува  подигање на влага над океаните, што се создава тука, па предизвикува промени на многу места.. Тоа е промена на климата врз која сите живи суштества се потпираат. Што да направиме за да го забавиме ова затоплување? Како да се справиме со промените на климата? Додека ние се бориме да го дознаеме сето тоа,  лицето на Земјата што го знаеме -брегови, шуми, фарми и планини покриени со снег, виси на конец.


Слайд 4

Последиците од глобалното затоплување Порастот на температурата на земјата ке има огромни ефекти и промени врз климатските модели на земјата и на сите живи суштества. Многу од овие промени веке започнаа.


Слайд 5

1.    Временски непогоди Зголемен број на суши и пожари - Потоплите температури може да го зголеми веројатноста од сушата. Поголемо испарување, особено во текот на летото и есента, поттикнуваат услови на суша и го зголемуваат ризикот од пожари. Топли, суви временски услови, доведоа до рекордниот број на пожари со близу до 100.000 пожари пријавени и речиси 10 милиони хектари, изгорени, 125 отсто над просекот на деценија.


Слайд 6

Поопасни и пострашни урагани - Потоплата водата во океаните пумпа повеќе енергија во тропски бури, што ги прави посилни и потенцијално повеќе деструктивни. 


Слайд 7

Поплави - Потоплите температури ги зголемуваат врнежите и предизвикуваат многу повеќе поплави во некои области.


Слайд 8

2.    Влијание врз здравјето на луѓето Смртоносните топлотни бранови Почестите и тешки топлотни бранови ќе резултира со поголем број на смртни случаи.


Слайд 9

Лош воздух, алергии и астма Глобалното затоплување може да го зголеми загадувањето со смог во некои области и интензивирање на алергии на полен и астма. Потоплите услови, исто така може да го влоши квалитетот на воздухот и да предизвика понатамошни проблеми.


Слайд 10

3.    Смени на Екосистемот и изумирање на некои животински видови Со зголемување на глобалната температура се очекува да се нарушат екосистемите, и оние животински видови кои нема да можат да се прилагодат да се итуркаат до изумирање. Со првата сеопфатна проценка на ризик од исчезнување на овие видови со глобалното затоплување, откриено е дека повеќе од 1 милион видови би можеле да се изумрат до 2050, ако тековната траекторија продолжува.


Слайд 11

4.    Топење на глечерите и предвремено одмрзнување Покачувањето на глобалните температури ќе го забрзаат топењето на глечерите и ледените карпи и ке предизвикаат предвремено одмрзнување на реките и езерата и ке се зголеми нивото на водата. Сето ова може да придонесе до целосно менување на картата на светот, зголемување на водената површина и целосно потопување на копото на некои земји како на пример Холандија. Македонија е исто така една од земјите која ке биде изложена на ваквото негативно влијание.


Слайд 12

Глобално затоплување- кога ке го почувствувате веќе е прекасно!!!


×

HTML:





Ссылка: