'

Основни информации и методологија

Понравилась презентация – покажи это...





Слайд 0

Цивикус - Индекс на граѓанското општество (ИГО) Меѓународен акциско - истражувачки проект координиран од Цивикус: Светската алијанса за граѓанско учество Основни информации и методологија


Слайд 1

Индекс на граѓанското општество Акциско - истражувачки проект, кој ја проценува состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот; На меѓународно ниво координиран од ЦИВИКУС - Светска алијанса за граѓанско учество; Во Република Македонија координиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС),


Слайд 2

Индекс на граѓанското општество Општи цели: да се зајакне одржливоста на граѓанското општество и да се промовира и зајакне неговиот придонес кон позитивните општествени промени. Цели на истражувањето: Да собере и сподели корисни и релевантни информации за состојбата на граѓанското општество; Да ги зголеми капацитетот и посветеноста на учесниците во зајакнувањето на граѓанското општество;


Слайд 3

Индекс на граѓанското општество Пристап Структура: Кој е внатрешниот изглед на граѓанско општество? Колку големо, активно и претставително е граѓанското општество во смисла на поединци и организации? Околина (опкружување): Која е политичката, социо-економската, културната и правната околина во која граѓанско општество постои? Дали овие фактори го овозможуваат или отежнуваат постоењето на граѓанското општество? Вредности: Дали граѓанското општество ги промовира и применува позитивните општествени вредности? Влијание: Кое е влијанието на граѓанско општество? Дали граѓанско општество е ефективно во решавањето на социјалните, економските и политичките проблеми, и дали работи за заедничко добро?


Слайд 4

Индекс на граѓанското општество Дијамант на граѓанското општество Визуелно ја претставува состојбата на граѓанско општество; Резултат на оценувањето на показателите, односно поддимензиите и димензиите


Слайд 5

Индекс на граѓанското општество Показатели (74) Поддимензии (25) Димензии (4) Дијамант


Слайд 6

Индекс на граѓанското општество 1. Структура: вкупната големина, јачина и активно учество на граѓанското општество во однос на човечки, на организациски и на економски прашања. 1.1. Широчина на граѓанското учество: Колку распространето е учеството на граѓаните во граѓанското општество? Колкав процент граѓани учествуваат во активности на граѓанското општество? 1.1.1. Непристрасни политички активности: Колкав процент од луѓето имаат преземено некаква форма на непристрасно политичко дејствување (на пр., напишано писмо до весник, се потпишале на петиција, присуствувале на демонстрација)?


Слайд 7

Индекс на граѓанското општество Структура Национален индекс тим – составен од 10 познавачи и практичари на граѓанското општество. Национална советодавна група – составена од 20 членови кои го претставуваа граѓанското општество, државата, деловниот сектор, медиумите, науката и меѓународните организации/институции.


Слайд 8

Индекс на граѓанското општество Истражувачки методи: Преглед на постоечки информации; Регионални советувања; Примерок на заедницата - Истражување на јавното мислење; Преглед на медиумите; и, Прикази на случај.


Слайд 9

Индекс на граѓанското општество Во македонската јавност и во стручните кругови не постои взаемно разбирање на концептот (дефиницијата) на граѓанското општество; НСГ се среќаваше двапати за да се постигне согласност околу концептот на граѓанско општество, кој ќе биде користен во ИГО.


Слайд 10

Индекс на граѓанското општество „сите формални и неформални граѓански здруженија, организации и мрежи кои го исполнуваат општествениот простор меѓу семејството, деловниот сектор, политичките партии и владиниот сектор, а кои се здружуваат заради остварување заеднички цели и интереси“ Усогласена дефиниција


Слайд 11

Индекс на граѓанското општество Усогласени категории


Слайд 12

Индекс на граѓанското општество Продукти Сеопфатен извештај за состојбата на граѓанското општество во земјата; Листа на заклучоци и препораки развиени и прифатени од широк круг на личности од сите сектори на општеството; Истражувачки извештај за мислењето на граѓаните за граѓанското општество; Истражувачки извештај за присутноста на граѓанското општество во медиумите; Извештај за општествената одговорност на десетте најпрофитабилни претпријатија во Македонија; Советувања, работилница, состаноци со повеќе од 160 чинители на општеството на кои се дискутираше за состојбата со граѓанското општество во земјата.


×

HTML:





Ссылка: