'

ЕКО- СТАНДАРДИ ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ

Понравилась презентация – покажи это...





Слайд 0

ЕКО- СТАНДАРДИ ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ


Слайд 1

Горењето на фосилни горива со цел да се обезбеди енергија и да се ослободат големи количества на гасови во атмосферата (главно CO2), доведува до „ефект на стаклена градина“. Глобалното затоплување, кое се должи на ефектот на стаклена градина е проблем поврзан со можните глобални климатски промени предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените стекленички гасови во атмосферата. Научниците излегоа со тврдење дека зголеменото присуство на овие гасови ќе резултира со глобално покачување на температурата кое, пак би имало бројни негативни па дури и непоправливи ефекти врз животната средина.


Слайд 2

Стакленички гасови озон (O3) метан (CH4) водена пареа (H2O) јаглерод моноксид (CO) јаглерод диоксид (CO2) азотсубоксид (N2O) сулфур хексафлуорид (SF6)


Слайд 3

Озонската обвивка исто така страда од загадувачите на атмосферата.Озонот е непостојан гас кој содржи три кислородни атоми.Во допир со одредени загадувачи, тој го губи едниот атом и се распаѓа.На тоа место настанува дупка.Денес над Антарктикот се наоѓа голема озонска дупка.Озонот е опасен ако го вдишуваме, но високо во атмосферата тој е многу корисен.Озонската обвивка служи како филтер кој ги спречува УВ зраците да стигнат за земјата.УВ зраците се штетни за растенијата и животните, а она мало количество што стигнува на земјата е потребно за регулирање на бројот на микроорганизмите. Озонска обвивка


Слайд 4

Ефектот на стаклената градина Ефектот на стаклената градина е природна појава до која се доаѓа кога некои гасови и пареата кои се присутни во атмосверата создаваат нешто како ,,проѕирно стакло’’.Како кај стаклените градини, топлината останува заробена во атмосферата и Земјата се загрева.Всушност без овој ефект би исчезнал животот на нашата планета.Просечната температура на земјата е 16C, при што без проблем се одвива кружењето на водата.Ако го нема ефектот на стаклената градина температурата би опаднала на -17C, при што целата вода би замрзнала.Во спротивно ако температурата се зголеми водата ќе испари.Тука е опасноста од зголемување на овој ефект.


Слайд 5

Последици од глобалното затоплување Зголемување на глобалната температура ќе предизвика пораст на нивото на морето и ќе го промени износот и шемата на врнежите, веројатно, вклучувајќи ги и проширување на територијата на пустините. Најверојатните ефекти вклучуваат зголемување на интензитетот на екстремни временски појави, како и промени во земјоделските приноси. Нивото на CO2 се зголемува постојано. Во текот на последниот век тоа се зголемило за цели 30 %. Ако не се редуцира порастот на популацијата и употребата на фосилни горива нивото на СО2 ќе се дуплира некаде во средината на 21 век. Зголемување на глобалната температура ќе предизвика пораст на нивото на морето и ќе го промени износот и шемата на врнежите, веројатно, вклучувајќи ги и проширување на територијата на пустините. Најверојатните ефекти вклучуваат зголемување на интензитетот на екстремни временски појави, како и промени во земјоделските приноси.


Слайд 6

Што можеш ТИ да направиш 1. Секогаш кога е можно пешачи , вози велосипед или користи го јавниот превоз. 2. Кога ќе купуваш автомобил избери таков кој нема многу да троши. 3. Ако има и клима уред, провери дека е рециклирана течноста за ладење секогаш кога го сервисираш. 4. Редуцирај ги непотребните работи: купувај минимално запакувани добра,повеќе користи продукти кои се рециклираат во однос на оние со еднократна употреба. 5. Користи ја машината за перење кога е наполнета , а не полупразна - така ќе заштедиш повеќе енергија. 6. При миење на садовите користи ладна или топла вода , а не жешка. 7. При греење водата не ја загревај над 70 степни. 8. Посади дрвја во близина на твојот дом, ако живааш во област со топла клима ѕидовите нека се во светли бои , а ако живееш во студена област сидовите нек а се во темни бои. 9. Ако ги заменуваш ел.уреди земи такви кои се енергетски најефективни.


Слайд 7

Што може локалната средина- заедницата да направи 1. Пошумување 2. Поставување на стандарди за чистотата на воздухот


Слайд 8

Што може да се направи во бизнисот 1.Да се инвестира во енергетски ефикасно флуоресцентно осветлување 2.Да се градат или реновираат канелариите користејќи ен. Ефикасни материјали, соодветна изолација и соларна енергија за затоплување и осветлување. 3.Да се садат дрвја за да се неутрализираат гасовите на стаклената градина кои ги ослободува компанијата. 4. Да се инвестира во ех. Ефикасни мануфактурни процеси и опрема и да се користат рециклирани материјали.


Слайд 9

Што е направено? Научниците проценуваат дека за да се забави глобалното затоплување мора да се редуцира огромната емисија на СО2 во светот а и на другите гасови кои ја задржуваат топлината. Патиштата на оваа редукција се со заменување на фосилните горива со извори на енергија кои се обновуваат. 1992 на Rio Earth Summit над 150 земји потпишаа договор за климатските промени со цел стабилизација на емисијата на СО2 од страна на развиените земји до 2000. The Solar Electric Light Fund , непрофитна организација од САД , помогна да се инсталираат мали соларни станици во Зимбабве И Шри Ланка со цел да се намали потрошувачката на фосилни горива во овие општества.


Слайд 10


Слайд 11

ИЗРАБОТИЛЕ УЧЕНИЦИ ОД IV- VIII одд ООУ „Јоаким Крчовски“


×

HTML:





Ссылка: